Лајен: Нема сигнал за одлука за проширување на ЕУ

Од:

Новоименуваната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен истакна дека нема сигнал дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел ќе биде постигната одлука за процесот на проширување на ЕУ.

– Длабоко жалам поради тоа, бидејќи верувам дека овие земји направија значителни напори за да се приближат кон ЕУ и затоа многу е важно да им се даде вистински сигнал, изјави Фон дер Лајен при доаѓањето на Самитот на лидерите на ЕУ.

Лидерите на ЕУ за време на вечерата во Брисел би требало да разговараат за можностите за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Ова прашање дојде на агендата на Самитот на лидерите на ЕУ, откако за тоа не беше постигнат консензус на ниво на министри за надворешни работи.

Мнозинството земји-членки го поддржаа отворањето пристапни преговори со Скопје и Тирана, а Франција бара промена на методологијата на процесот на пристапување.

Би можело да ве интересира

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат

„Политико“: Операцијата на САД против Иран го одвлече вниманието на ЕУ од Украина

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија