Лабудовиќ и Ѓорѓиевски во акиција за расчистување на сметот

Од:

Кандидатот за градоначалник на Центар Мирослав Лабудовиќ, заедно со кандидатот за прв човек на Скопје Орце Ѓорѓиевски, од рано утрово по центарските и скопските улици се во интензивна акција на расчистување на најгорливиот проблем со кој се соочуваат центарци и воопшто скопјани во последните неолку месеци – купиштата смет што го задушија Центар и главниот град.

Проблем кој особено ескалираше во последните две недели, со опасност да го претвори во жариште на опасни заразни болести кои може да предизвикаат далекусежни последици по здравјето на граѓаните.

Со логистичка поддршка во вид на механизација за чистење добиена од градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, неговиот колега од Кавадарци Митко Јанчев, како и од неколку помали општини од скопскиот регион Лабудовиќ и Ѓорѓиевски денеска уште од седум часот изутрина, празнично ги „светнаа“ поголемиот дел од улиците кои беа грдото наличје во централното градско подрачје. Ѓорѓиевски, како актуелен градоначалник на Кисела Вода го направи тоа и во својата општина.

Во Центар целосно исчистени неколку маала – Кале, Пролет, Водно, добар дел од Капиштец, булеварите Водњанска и Климент Охридски, улицата Васил Ѓоргов како и 30-тина сервисно-станбени улици. Чистењето денеска продолжува и во Маџир Маало. Исчистени се повеќе мини депонии од кои досега одигнати се неколку десетици тони смет.

Операцијата – чист Центар и чисто Скопје продолжува интензивно и во наредните неколку дена до конечно нормализирање на состојбите, а пред завршувањето на вториот круг на локалните избори.

Би можело да ве интересира

За неколку дена ќе бида распишана тендерска постапка за изградба на Луна паркот во Скопје

Ѓорѓиевски: Деблокиран е процесот за клучката кај Момин Поток и изградбата продолжува со забрзано темпо

А1он

Ѓорѓиевски: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Ѓорѓиевски ги откри имињата на идните директори на јавните претпријатија во Град Скопје

А1он

Ѓорѓиевски: „Дрисла“ е во исклучително лоша состојба