Лабудовиќ: Целосно ќе ја реконструираме улицата „Педесетта дивизија“ – Брзо, Видливо и Ефикасно

Од:

Улицата „Педесетта Дивизија“ со години претставува симбол на запоставеност – со оштетен коловоз, тесни тротоари, небезбедни пешачки патеки и сериозен недостиг од паркинг-места. Таквата состојба не ѝ доликува на една од најважните сообраќајници во срцето на Скопје, ниту на граѓаните кои секојдневно се движат по неа.

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, најави дека ова ќе биде еден од првите капитални проекти што ќе го реализира веднаш по преземањето на функцијата.

„Се обврзувам дека улицата ‘Педесетта Дивизија’ ќе биде целосно реконструирана. Ќе изградиме нов коловоз, широки и уредени тротоари, велосипедски и пешачки зони, зелен појас и ќе воспоставиме ред во паркирањето. Ќе воведеме резидентни паркинг-места за жителите конечно да имаат приоритет пред сите други,“ истакна Лабудовиќ.

Проектот опфаќа и воведување на „Зона 30“ – со ограничување на брзината на движење, поставување ново енергетски ефикасно улично осветлување, подобрен систем за одводнување и дополнителни мерки за безбедност на пешаците.

Како што вели Лабудовиќ, целта е улицата да стане пример за ред, безбедност и зелен урбанизам – простор каде граѓаните ќе се чувствуваат пријатно и безбедно, а не само место за автомобили.

„Ова не е само реконструкција на една улица – ова е почеток на нова енергија во Центар. Почеток на еден поинаков пристап – со конкретни решенија, реални рокови и отчетност кон секој жител. Центар ќе покаже дека кога има визија, план и чесна намера – резултатите се видливи и се чувствуваат брзо,“ порача Лабудовиќ.

Со реконструкцијата на улицата „Педесетта Дивизија“ ќе започне ново поглавје во управувањето со Општина Центар – пристап заснован на дела, ефикасност и вистинска грижа за граѓаните.

Проектот ќе биде реализиран според најсовремени стандарди, а жителите ќе бидат активно вклучени во процесот на планирање, со цел решенијата да бидат практични и усогласени со нивните секојдневни потреби.

Истовремено, со реконструкцијата на „Педесетта Дивизија“, ќе започне и обнова на улиците „Мирослав Крлежа“ и „9 Мај“, каде што исто така е потребна темелна санација на коловозните ленти, тротоарите и, каде што дозволува просторот, воспоставување безбедни пешачки и велосипедски патеки.

Со тоа, трајно ќе се подобри фреквентноста и безбедноста во сообраќајот и ќе се создаде поуреден, функционален и модерен Центар.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ дава максимална поддршка на Лабудовиќ во Центар

Мицкоски: Хаќим Рамадани откако ќе ги изгуби најпрво изборите тука во Брвеница, ќе биде разрешен од позицијата

Филипче: Имаме раст во голем број општини, но и слаби резултати во други, изборите се јасен показател за тоа што треба да се менува

ВЛЕН за Дебар: Мустафа Даути ја постави таблата на албански јазик на граничниот премин Блато

Предраг Петровиќ

Лукровски: Карпош е заробен од приватни интереси кои зелените површини ги претворија во градилиште и спремаат нова бетонизација, Карпош не сака повеќе лажни зборови

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Герасимовски: На 13 декември во новата сала на Работнички ќе го победиме МЗТ