А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

КЗП: Судството никој не смее да го држи во заложништво

by А1он07/03/2016 - 11:0807/03/2016 - 13:39109
Share0

Комитетот за заштита на правата е огорчен и револтиран поради обидите на обвинетите во случајот „Титаник“ да го негираат дејствувањето на Специјалното јавно обвинителство.

Добивај вести на вибер

Еве што стои во соопштението:

Oбвинетите во случајот „Титаник“, заедно со неколку други злонамерници во своите јавни настапи се однесуваат како да се поткрепени од владејачката партија и со тоа вршат притисок врз судството!? Во името на стотици лажно обвинети и осудени лица, малтретирани, понижени и здравствено уништени во политички монтирани процеси порачуваме и бараме да се почитува законот и работата на СЈО. Многумина од нас до последниот здив ќе се борат за вистината, правдата и владеењето на правото кое не може да се случи без СЈО! Комитетот го повикува Специјалното јавно обвинителство храбро и забрзано да се зафати во костец со криминалот и да ги финализира сите свои предмети. Македонското судство има неповторлива можност да се ослободи од режимските стеги и притисоци и да направи враќање кон нормалноста и професионалноста. Оваа историска шанса судиите како фела треба да ја зграпчат и да се изборат за својата независност.

На тој начин ќе добијат смисла реформите во правосудството кои беа меѓународно поддржани, а еден од нив е и новиот Закон за кривична постапка. Комитетот укажува дека секој ден практикување неправда е пропуштање на шансата за консолидирање на судството. Комитетот смета дека формирањето на специјален судски оддел за предметите на СЈО е легално и легитимно. Комитетот укажува и потсетува дека во членовите 12 и 23 од Законот за судовите е предвидено формирање специјализирани оддели за карактеристични видови судски предмети.

Во ставот (1) на член 12 е потенцирано дека работата во судовите по правило се врши во специјализирани судски оддели. Исто така, потсетуваме дека со членот 32 и 122 веќе е формирано вакво одделение за организиран криминал. Во членот 88 од овој закон е предвидено овие оддели да имаат свои претседатели и заменици.

Претседателот на Основниот суд 1 Скопје може да основа вакво специјализирано одделение составено од избрани судии. Комитетот за заштита на правата го повикува да го стори тоа! Правосудните реформи, особено обуките и стручното усовршување на судиите, кои долги години беа финансиски поддржувани од меѓународните институции, на тој начин ќе бидат конкретизирани. Претседателот на судот, на овој начин ќе обезбеди високопрофесионално независно судење на сложените предмети на СЈО. Комитетот цврсто стои на браникот на одбрана на уставно загарантираните слободи и права и владеењето на правото.

Судството мора да биде независно и никој не смее да го држи во рака, и со закани во заложништво. Затоа контролната функција врз работата на судството мора да се врати во парламентот.

sudstvo

Би можело да ве интересира

СДСМ: Преземање на судството, неуставна Резолуција и Катица во функција на власта се дел од исто сценарио

Горан Наумовски18/12/2025 - 16:52

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје

Предраг Петровиќ12/12/2025 - 20:11

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

Горан Наумовски21/11/2025 - 16:34

(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност

Горан Наумовски19/11/2025 - 12:44

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Предраг Петровиќ23/09/2025 - 19:19

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

Предраг Петровиќ23/09/2025 - 17:39
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен