Кузеска: После „Титаник“ Мицкоски да поднесе оставка, судот го потврди криминалот на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Пресудите за Титаник се јасна потврда за злосторничкото здружение. За тоа како ја фалсификувале волја на граѓаните, за изборниот поткуп, злоупотреба на пари и институции, за незаконско финансирање изборна кампања. По денешните пресуди, Христијан Мицкоски мора да поднесе оставка, заедно со неговиот Извршен комитет рече на прес конференција портпаролката на СДСМ Богданска Кузеска.

– Станува збор за нереформирана партија, со истите луѓе кои биле дел од судските процеси, со судска пресуда за сторен криминал. Во Титаник обвинети се и други некогашни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и Никола Груевски, Илија Димовски, Кирил Божиновски.Мицкоски е некогашна десна рака на Груевски, негов советник и генерален секретар. Во актуелното раководството на партија се луѓето на Груевски, како Александар Николоски и Владо Мисајловски. Но и луѓе за кои има други обиненија, како Антонио Милошоски и Игор Јанушев. Затоа Мицкоски и целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да се повлече, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?