Време е конечно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицоски да се договори сам со себе дали сака лидерска средба, каква лидерска средба сака и во која форма да биде таа, рече на денешната прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
– Соочен со нов пораз од граѓаните во Штип, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повторно недоследен во неговите барања и ставови и не знае што да каже, сведоци сме дека долго време нема воопшто изграден став за ниту едно клучно прашање, рече Кузеска во одговор на новинарско прашање.
Вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски соопшти дека партијата нема да учествува на лидреска средба ако нејзин иницијатор е претседателот Стево Пендаровски.
– Не ја гледам улогата на Стево Пендаровски во оваа лидерска средба. Стево Пендаровски не е лидер на политичка партија. Ако е потребна поддршката на политичките партии, ние политичките партии да разговараме за нешто, тогаш се знае, треба да седнат политичките партии и да разговараат. Се знае кој е тој кој треба да ја свика таа лидерска средба. Ние неколку пати досега ја побаравме таа лидерска средба. Ако цени дека треба да седнат политичарите да разговаат на таа лидерска средба, стојам на располгагање. Но, на еден формат кој би бил организиран од Стево Пенадровски, нема да учествувам на ткава средба зашто не ја гледам улогата Стево Пенадровски на една таква лидерска средба, изјави Мицкоски, додавајќи дека ќе учествува на лидерска ако иницијативата доаѓа од Владата.
Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, пак, како што посочија вчера од Кабинетот на шефот на државата, не планира да свика лидерска средба.
– И самиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјавата за медиумите вели дека претседателот на државата не е лидер на политичка партија, а тој бара свикување средба со лидерите на партиите, истакнаа од Кабинетот на Пендаровски.
Премиерот и претсетадел на СДСМ Зоран Заев вчера најави одржување лидерска средба до крајот на годинава. Рече дека очекува да ја свика шефот на државата Стево Пендаровски, но ако тоа не се случи, тогаш иницијативата ќе ја „потегне“ тој.