Кузеска: Македонската економија е стабилна, подготвена да им помогне на граѓаните за справување со енергетската криза

Од:

СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи, останува посветена на надминување на последиците од енергетската криза и заштита на економскиот стандард на граѓаните рече на прес конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

– Активирани се сите капацитети за производство на електрична енергија, за да се спречи увозот на скапа струја. Во буџетот за 2022 година веќе има предвидени 130 милиони евра кои ќе бидат наменети за антикризни мерки за помош на граѓаните и на стопанството. Овој износ дополнително ќе се зголемува доколку се јави таква потреба. Во овој период се креираат конкретни мерки за помош кои ќе се реализираат во текот на годината а кои ќе имаат за цел директна помош на семејствата, но и на компаниите. Македонската економија е стабилна, подготвена да се соочи со предизвиците што со себе ги носи енергетската криза, но и пандемијата со коронавирусот, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски