• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Курти: За случувањата во Куманово потребна е независна меѓународна истрага

by А1он17/05/2020 - 09:3217/05/2020 - 13:45711
Share0

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти вели дека за настаните во Куманово од мај 2015 година, кога загинаа осуммина македонски полицајци и десет припадници на таканаречената „кумановска група“ која го предизвика крвавиот конфликт, треба да се спроведе сеопфатна независна меѓународна истрага.

Добивај вести на вибер

Запрашан „дали е можно Косово да преговара за косовските граѓани кои се во затвор во Северна Македонија“, Курти во емисијата „ДПТ“ на приштинската телевизија Т7, рече дека, според него, „тие луѓе немаат потреба од преговори меѓу двете влади, туку имаат потреба од еден истражен процес, кој ќе биде независен од самиот почеток“.

– Ние треба да разговараме со Владата на Северна Македонија, меѓутоа ние сме Влада во оставка, а и таму има техничка Влада. И таму и кај нас не очекуваат избори. За тој случај е потребна една таква независна истрага, за која и ние треба да го дадеме нашиот придонес, а посебно меѓународниот фактор, која ќе ја открие вистината и ќе воспостави правда, изјави Курти.

Тој изрази сомневање дека целиот настан, поради кој од македонскиот суд беа осудени 37 лица, повеќето од Косово, на казна од вкупно 746 години затвор, „бил наместен“ и дека се работело за „стапица“ во која упаднала групата Албанци.

Во тој контекст, Курти напомена дека настаните од пред пет години во кумановското „Диво насеље“ се случија во време кога македонски премиер беше Никола Груевски, кој, како што нагласи, во тоа време „беше мошне близок“ со властите во Србија.

– Тогаш (на власт) беше еден режим на Никола Груевски, кој беше мошне близок со Белград и има многу непознаници за тоа што се случи во Куманово. Се чини дека имаше една стапица и треба да се види кои беа сценаристите и режисерите на таа стапица, а не само актерите кои завршија на сцената која се урна. Во овој аспект јас сметам дека е потребна една независна меѓународна истрага, со тоа што ќе се направи и дистанцирање меѓу режимот на Груевски и актуелните власти во Северна Македонија, изјави Курти во синоќешното интервју за приштинската Т7.

kumanovo

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски20/01/2026 - 09:5420/01/2026 - 11:19

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Горан Наумовски15/01/2026 - 16:14

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он12/01/2026 - 15:5912/01/2026 - 15:57

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски11/01/2026 - 14:1311/01/2026 - 14:21

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он28/12/2025 - 12:4228/12/2025 - 12:43

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски26/12/2025 - 15:3626/12/2025 - 17:26
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен