Куновска:Во Карпош родителите плаќаат највисоки ужинки

Од:

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ за општина Карпош Јагнула Куновска на денешната прес-конференција рече дека во оваа општина родителите плаќаат највисоки ужинки во основните училишта.

Поранешните градоначалници на Карпош, Андреј Петров и Стевче Јакимовски навечер на телевизија се караат кој наместил тендери за Карпош да има највисоки цени за ужинки во основните училишта, а преку ден лицемерно кажуваат дека доколку станат градоначалници ужинките ќе бидат бесплатни. Ова е само едно лицемерие преку кое сакаат да манипулираат со гласачкото тело, истакна Куновска.

Додаде дека во општината Карпош родителите кои имаат деца во основните училишта плаќаат 30 отсто повеќе од децата од другите општини, со што голем дел од родителите не можат да си дозволат нивните деца да се претплатат за ужинки.

– Во Карпош цената на ужинката е 2.400 денари, а во останатите општини родителите плаќаат само 1.800 денари, што би требало да е за 600 денари помалку, истакна Куновска.

Таа рече дека како градоначалник ќе се залага за транспарентни тендери за набавка на ужинки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија