Куновска ветува изградба нови градинки во општина Карпош

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ Јагнула Куновска најави изградба на нови градинки.

– На територијата на Општина Карпош во моментов има четири детски градинки, од кои две имаат по три, а една свои четири клонови. Во нив се сместени 1.994 деца. Но, во нашата општина, постојат и делови како Нерези, Бардовци, Злокуќани, Жданец, Трнодол каде нема детски градинки. За таа цел во мојата програма, предвидена е изградба на нова детска градинка, заедно со Министерството за труд и социјална политика, рече денеска на прес-конференција Куновска.

Таа додаде дека со реализацијата на овој проект ќе се подигне степенот на заштита на децата и нивното целосно вклучување во процесот на социјализација како есенцијална компонента за правилен психофизички раст и развој.

Изградбата на новата детска градинка, ќе се направи со заеднички финансиски средства на Општината Карпош и Министерството за труд и социјална политика, а рокот за реализација на овој проект е 2016 година.

– Затоа, гласајте за проекти, гласајте за дела. Дадете го својот глас за мене и мојата партија, ВМРО-ДПМНЕ. Дајте свој придонес во конечната промена на власта во Општина Карпош, бидејќи ние ви нудиме проекти и дела кои ќе го подобрат, мои сожители, нашето секојдневно живеење, порача Куновска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија