Куновска вети најевтини градинки во општина Карпош

Од:

Преку проектот „Половина рата за градинка“, општина Карпош ќе плаќа половина од месечниот надоместок за градинка на териториторија на општината, вети денеска кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Јагнула Куновска.

Месечниот надоместок за градинка секаде во Македонија изнесува 1.490 денари, што значи дека преку проектот „Половина рата за градинка“, кој денеска го презентираше Куновска, општина Карпош би субвенционирала 745 денари месечно, односно половина за износот за секое дете.

– Ние направивме пресметка и заклучивме дека општината може да им излезе во пресрет на родителите, а со тоа и на домашниот буџет на околу 2.000 семејства во Карпош. За годишниот буџет на родителите ова ќе значи заштеда од скоро 9.000 денари. Со тоа граѓаните на општина Карпош ќе плаќаат најнизок надоместок за градинка во цела Македонија, изјави Куновска.

Таа рече дека за реализација на овој проект се потребни околу 280 илјади евра годишно, средства кои ќе се обезбедат преку општинскиот буџет, а голем дел од средствата ќе се добијат и преку заштедите од Проектот за енергетска ефикасност на градинките, кој таа исто така го предвидува во својата изборна програма.

– Децата се нашата иднина, затоа ние гледаме да го обезбедиме најдоброто за нив. Од таа причина, голем дел од проектите во мојата програма се посветени токму на младите, вели Куновска и ги посочи проектите кои таа ги предвидува во својата програма како изградба на градинка во општината, вредносни ваучери од 18.000 денари за учениците од социјално-загрозените семејства, стипендии од по 6.000 денари за најдобрите ученици, студенти и спортисти, бесплатна екскурзија за учениците на сите основни училишта во општината еднаш годишно, изградба и реконструкција на спортските сала во училиштата и многу други.

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник во Карпош повика на фер и демократски избори во недела и им порача на граѓаните да гласаат за оној кандидат кој сметаат дека најмногу ќе придонесе за подобар живот во општината.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија