Куновска: Одоговорност од Трајановски за зделката за Дрисла

Од:

Одлуката на Управниот суд да го поништи договорот за заедничко партнерство на Град Скопје и италијанскиот конзорциум „ФЦЛ Амбиенте“, покажува дека каде и подлабоко да се чепне во зделките на ВМРО-ДПМНЕ, секаде извира криминал, вели Софија Куновска, координаторка на советничката група на СДСМ во Град Скопје.

Фамозната зделка помеѓу санитарната депонија „Дрисла“ и италијанскиот конзорциум „ФЦЛ Амбиенте“, вредна 74 милиони евра, падна на Управен суд, а СДСМ, нагласи Куновска, од почетокот предупредуваше дека ова партнерство е спорно.

– По тужбата поднесена од второрангираниот понудувач, германскиот конзорциум „Шолц“, минатиот месец Управниот суд ја прогласи за неважечка продажбата на депонијата. Тоа ги отвора прашањата дали градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, ќе ја понесе финансиската и политичка одговорност за ваквата сомнителна зделка. Дали Управниот суд ќе донесеше иста одлука, ако постапка покренеше домашна, а не германска фирма и за каква правна држава зборуваме, ако гарант за правдата не е правната држава, туку германската амбасада. Овој случај ги потврдува сомнежите дека кога станува збор за тендери, власта не ги бира фирмите кои се најповолни за остварување на интересите на граѓаните, туку оние фирми кои се погодни за остварување на бизнис интересите на владејачката партија – тврди координаторката на советничката група на СДСМ во Скопје.

Куновска го повикува премиерот Никола Груевски итно да се откаже од скапите реклами со кои повикува странски инвеститори, бидејќи и најскапата реклама не може да ја покрие антирекламата направена со ваквите сомнителни зделки.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: И врапчињата знаат дека ДУИ раководи со „Дрисла“

Повторно пожар во Дрисла, лоша миризба и ноќеска и утрово во Скопје

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, целата опожарена површна е затрупана со песок и земја

Чадењето од депонијата „Дрисла“ e намалено, затрупувањето продолжува утре

Од „Дрисла“ демантираат дека повторно имало горење: Обид за дефокус од скандалот во Трубарево

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје