Куновска ја промовира предизборната програма пред жителите на Бардовци

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од коалицијата „За подобра Македонија“ Јагнула Куноска вечерва одржа предизборен митинг во село Бардовци.

Нова економска зона во Бардовци ќе им стои на располагање на странските инвеститори, ќе се простира до пругата кај обиколницата и ќе биде атрактивна локација и погодно место за отворање производствени капацитети. Ова, меѓу другото, го содржи програмата на Куновска.

– Ја предвидовме економската зона за да се отворат работни места, за да се вработат нашите млади, конечно и тие да добијат работно место, да имаат свој личен доход, да формираат семејства, порача Куновска.

Таа како приоритетни ги најави и еколошките проекти за, како што нагласи, чиста околина, чист Лепенец. Во програмата е зацртана и санација на фекалната канализација во Бардовци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија