Куновска ги нарече злосторничко здружение пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Вељановски ја прекина седницата

Од:

Пратеничката од СДСМ, Софија Куновска, ги нарече злосторничко здружение пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на собраниската расправа на која треба да се изгласаат тројцата експерти кои ќе бидат дел од Државната изборна комисија.

Пратениците од владејачката партија реагираа бурно на оваа квалификација и тропаа со раце по масите, а претседателот на Собранието, Трајко Вељановски се најде навреден и ја прекина седницата.

-Како пратеници не смеете да го злоупотребувате својот имунитет како пратеници и треба да внимавате што ќе кажете. Своите лични фрустрации не смееш да ги изнесуваш на говорница – и рече Вељановски на пратеничката и ги повика координаторите да воведат ред во своите пратенички групи.

Куновска, инаку, ја употреби фразата за ВМРО-ДПМНЕ кога и реплицираше на независната пратеничка Солза Грчева дека договорите меѓу четирите најголеми политички партии се единствен излез од кризата.

-Таква политичка криза која произлезе од таков крупен скандал како прислушувањето, може да се реши само со политички договор меѓу четирите партии. Ако имате подобро излезно решение од ова, повелете и понудете го. Во моментот кога кризата ескалираше и опозицијата не се согласи да биде дел од таа ескалација, госпоѓата Грчева беше конструктивен елемент со своето учество во ова Собрание заедно со пратениците од ова злосторничко здружување кое ја доведе Македонија до оваа состојба – рече Куновска.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба