Куновска до Петров: Програма не се пишува за три дена

Од:

Јагнула Куновска кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Карпош во реакција на изјавата на противкандидатот Андреј Петров му порача оти програма не се пишувала за три дена и оти потребен е долг период за да се слушнат приоритетите на граѓаните и тие да се преточат како конкретни проекти.

– Го поздравуваме тоа што Петров конечно седнал да напише нешто, но сепак сето тоа се само неиздржани реченици зад кои нема никаква планска и финансиска документација, стои во реакцијата.

Од штабот на ВМРО-ДПМНЕ со потсетување до Петров дека не излегува на избори заради Јагнула Куновска и не треба неа да и ја презентира програмата и проектите, кои се, велат, за граѓаните на општина Карпош.

– ВМРО-ДПМНЕ уште од првиот ден пред граѓаните ги презентира своите проекти за општина Карпош, доследно со плански и финансиски конструкции и рокови за реализација. Само така граѓаните можат да видат кои се плановите за нивната општина и колку средства би се потрошиле за истите, се наведува во реакцијата од штабот на Куновска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија