Кумановското училиште „Кочо Рацин“ дел од два проекти од програмата Еразмус +

Од:

Кумановското основно училиште „Кочо Рацин“ доби два проекти од ЕРАЗМУС+ програмата Клучна акција 2: Соработка за иновација и размена на добри практики, информираа денеска од надлежните од училиштето.

Како дел од од ЕРАЗМУС + програмата наредните две учебни години, училиштето ќе соработува со десет училишта на два Еразмус + проекти, со Франција, Португалија, Шпанија, Италија (Сицилија) и Романија на проектот GOAL! (Games of a Lifetime!) – „Учиме преку игри“, како и со училишта од Шпанија, Италија (Сицилија), Романија, Полска и Хрватска на проектот ESCEI (European Scholar Congress on Environmental Issues) – „Европски научен конгрес за животна средина и екологија“.

– Основните цели се соработка за иновација во наставата и размена на добри искуства и практики. Учениците и тимовите на наставници ќе имаат можност да разменат искуства, да се стекант со нови вештини и знаења. Чест ни е што два пати ќе бидеме домаќини на наставници и ученици од сите партнер училишта, изјави координаторот на двата проекти, Анита Димовска, наставник по англиски јазик.

Проектот GOAL! (Games of a Lifetime!) – „Учиме преку игри“ ќе се спроведува две години, а почнал од почетокот на учебната година. Целта на проектот е да се подобрат постигнувањата на учениците со учење преку игри, како и да се споделат идеи и нови игри за да се подобри наставниот процес и да се збогатат наставните практики во сите партнер училишта и пошироко.

Проектот ESCEI (European Scholar Congress on Environmental Issues) -Европски научен конгрес за животна средина и екологија“ започна да се спроведува од први октомври и ќе трае нарените две години.

– Во тек се подготовките на училишниот тим за првата средба и обука во Барселона, Шпанија, што ќе се реализира следната недела, изјави Димовска.

Целта на овој е да се развие и подигне еколошката свест кај учениците, родителите и локалната заедница, како и да се изнајдат соодветни решенија за проблемите и предизвиците при одржување еколошки и здрава животна средина.

Би можело да ве интересира

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување

СДСМ бара оставка од Тошковски, вооружените инциденти покажуваат распад на безбедносниот систем

Горан Наумовски

ДУИ го осуди инцидентот во Куманово, бара МВР и Обвинителството да ги идентификува сторителите

Обвинителството за пукањето во Куманово: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент

Горан Наумовски

Во Куманово е ранет кандидатот за советник во Липково, Зекирија Шахини

Горан Наумовски