Кумановско-Осоговската Епархија не ги зголемува цените за обредите

Од:

Кумановско-Осоговската Епархија информира дека нема да ги зголемат цените за верските обреди. Верниците кои немаат средства, нема да бидат вратени од свештениците од кумановско-осоговска епархија.

– Црквата секогаш отворена е за верниците и нема никогаш да врати верник. Но, кога секој од нас би доаѓал во недела и би оставил само по десет денари, ќе нема потреба воопшто да се наплаќаат потребите за верниците, вели отец Игор Здравковски од Кумановско-осоговската епархија.

Во Кумановско – осоговската епархија информираше Здравковски не постои ниту зголемување, ниту намалување на цените на која и да е било потреба за верниците.

– Пред Бога сите сме еднакви и за црквата нема поделба на богати и сиромашни, вели свештеникот Здравковски.

Црковните храмови во Куманово не се подеднакво посетени, но со доброволниот прилог на граѓаните успева да ги одржува храмовите. Сето она што верниците го оставаат во црквите се смета за дар. Во Кумановско-осоговската епархија има над 70.000 верници.

Би можело да ве интересира

Вандализирана црквата „Свети Атанасиј“ на тетовско Кале

На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

Горан Наумовски

Ограбен е манастирот „Св.Јован Крстител“ во скопското село Љубанци

Расчинет свештеник крстел и венчавал со „благослов“ од г.г. Стефан: Венчаните се невенчани, крстените некрстени

Орце Костов

На дело е фатен арамијата кој ја ограби црквата „Св.Архангел Гаврил“ во Гази Баба

(ВИДЕО) Г. Јаков: Имаме должност да ги заштитме децата и семејството

А1он