Кумановските пензионери ќе им помагаат на болните и изнемоштените членови на здружението

Од:

Кумановското здружение на пензионери наскоро започнува со нов проект за помош и поддршка на нивните членови кои се сами и кои имаат здравствени потешкотии, информираше денеска претседателот на локалното здружение, Спирко Николовски. Тој најави дека ќе покренат постапка и поширока акција, при што ќе се формираат тимови составени од волонтери од членовите на здружението.

– Тие ќе имаат обврска да ги посетат болните, изнемоштените и старите лица и да им посветата потребно внимание, да поразговараат со нив и на некој начин да им бидат поддршка, изјави Николовски.

Покрај овој социјален дел, волонтерите – пензионери ќе им помагаат на нивните повозрасни членови во набавка на намирници, плаќање на сметки, секојдневни активности кои самите со потешкотии ги обавуваат, меѓу кои и набавка на лекови.

– На овој начин ќе им се посвети достојно внимание на постарите и изнемоштените, изјави Николовски.

На подрачјето на трите општини Куманово, Липково и Старо Нагоричане има приближно 14.000 пензионери кои се организирани во клубови и ограноци.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот не е празен, ниту се загрозени пензионерите

Пензионерка остана без 17.000 евра – наседна на лажно ветување за заработка од криптовалути

А1он

Пензионирани лекари и сестри ќе можат да работат до 70-годишна возраст

Уставниот суд одби иницијатива за нерезидентни пензионери, запре постапка за Кривичниот законик

Горан Наумовски

МСП: Исплатата на пензиите продолжува редовно, постапката во Уставниот суд не менува ништо во сегашниот модел

Пензионерите кои се за линеарно зголемување на пензиите ќе протестираат во понеделник пред Уставниот суд