Кумановскиот суд денеска ќе изрече пресуда за смртта на Алмир

Од:

Судот во Куманово денеска треба да изрече пресуда за смртта на 4-годишниот Алмир. Возачот Бобан Илиќ, кој со својот автомобил го удри Алмир се изјасни како невин, истото го сторија и таткото на Алмир и неговите чичковци кои претходно имале расправа со Илиќ.

Од страна на кумановскиот суд, по доставување на две нови вештачења од Обвинителството, ова дело беше преквалификувано од „Убиство со умисла“ во „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Ваквата одлука на судот беше бурно проследена од страна на јавност за што беа одржани и неколку протести во Скопје и Куманово. Семејството на Алмир побара одновно да започне главната расправа, но судот не прифати обновување на процесот по што пресудата ја закажа за денеска.

Обвинетиот Илиќ беше ослободен од притвор по преквалификувањето на делото. Обвинителката изјави дека тој направил сообраќајна несреќа со што ја загрозил безбедноста на пешаците возејќи со речиси 40 километри на час. Ваквата одлука исто така предизвика бурни реакции и во Јавното обвинителство каде четворица обвинители изјавија дека одлуката за преквалификација е неоснована. Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески најави дека целата постапка ќе биде разгледана од етичкиот совет.

Протестите против одлуката за преквалификување на делото го поддржаа и од ДУИ за што побараа формирање на работна група во Собранието која ќе го испита случајот.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски