Кумановскиот Центар за социјални работи вклучен во програмата персонална асистенција

Од:

Кумановскиот Центар за социјални работи е еден од центрите кои се вклучија во програмата за персонална асистенција на слепи лица и лица со инвалидитет. Центарот ги детектира лицата кои ќе бидат опфатени во проектот и ќе ја користат услугата. Тие ќе треба да поднесат барања до Центарот за социјални работи, по што ќе следи подготовка на решение за користење на оваа услуга.

– Програмата подразбира персонален асистент на одредени категории граѓани, слепи лица и лица кои користат помошно средство-инвалидска количка. Интензивно соработуваме со Црвениот Крст и со невладината организација „Инклузива“. Станува збор за трипартитна соработка“ изјави директорката на Центарот за социјални работи, Александра Арсовска.

Во овој период привршува обуката за персонални асистенти која ја спроведуваат стручни екипи на Црвениот Крст по чие што завршување учесниците ќе добијат лиценци за работа и програмата ќе започне со примена.

Пред обуката Центарот за вработување објави повик на кој се пријавиле заинтересирани кандидати.

По завршување на оваа фаза од пилот проектот, инвловираните субјекти ќе ги посетат лицата кои се заинтересирани за програмата и детално ќе ги информираат.

– Со забрзано темпо се подготвуваме за измените во Законот за социјална заштита, кои предвидуваат сериозни промени во целокупниот систем, така што ќе ги следиме сите чекори, во функција на унапредување на услугите кон корисниците, вели Арсовска.

Кумановскиот Центар за социјални работи е еден од најголемите центри во државата во Македонија кој ги покрива општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

Би можело да ве интересира

Идната недела ќе се знае дали имало пропусти при породувањето на кумановката, новороденчето се уште на респиратор

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони