Кумановски гимназијалци на интеркултурна размена во Швајцарија

Од:

Делегација ученици и наставници од кумановската гимназија „Гоце Делчев“ замина на интеркултурна размена во детското село Песталоци во Швајцарија, информираа денеска од училиштето.

Учениците ќе имаат можност да се стекнат со нови способности, да ги прошират своите видици, да добијат различни знаења за принципите на меѓукултурниот дијалог и комуникација, толеранција и различни вредности и култури. Меѓу останатото, тие ќе имаат можност и да се оспособат да преземат одговорност за самите себе, но и за другите, што ќе влијае врз нивниот понатамошен развој. Покрај тоа тие ќе имаат можност да посетат и повеќе знаменитости од Швајцарија.

– Во рамки на долгогодишната соработка со коалцијата Сега од Прилеп оваа година како награда за тоа што нашите ученици биле добри во соработката со Швајцарија одат две групи по осум ученици и две наставнички, заминаа утрово во Швајцарија во детското село Песталоци ќе се задржат таму 17 дена ќе го презенетираат нашето училиште, градот и државата.Во рамките на оваа посета ќе бидат вклучени ученици од Гостивар Прилеп и Куманово“, изјави директорката на гимназијата, Соња Тодоровска.

Инаку, ова средно училиште продолжува и со долгогодишната соработка со францускиот културен центар и училиштата од Франција. Во рамки на соработката, во вторник делегација од тројца професори и 18 ученици ќе заминат во Франција, каде што ќе престојуваат една седмица.

– Таму ќе имаат работи посети, размена на искуства, ќе го презентираат нашето училиште и изучувањето на францускиот јазик во Република Македонија односно во нашата гимназија сето ова оди со поддршка на францускиот културен центар и француската амбасада, додаде Тодоровска.

Би можело да ве интересира

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Голем пожар во Куманово, изгореа возила, камиони, автобус, приколка и минибус

Горан Наумовски

Уапсено 19-годишно момче кое носело пиштол, а со него била и малолетничка по која трагала полицијата

Во судар на три возила, повредени се двајца полицајци

ДУИ бара оставки од Исен и Садики-Шаини после скандалот во Куманово

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски ги осуди скандирањата и ксенофобните испади на неколкумина во салата во Куманово

Горан Наумовски