Кумановската Итна медицинска помош со зголемен број интервенции

Од:

Зголемен број интервенции за приближно 30 проценти, на дневна основа бележат лекарите од Итната медицинска помош во Куманово.

Оттаму посочуваат дека промената на времето од претпладневните до попладневните часови негативно влијае врз здравјето на пациентите, особено врз хронично болните, но и врз работоспособната популација.

Според доктор Милена Прокоповска од Итната медицинска помош во Куманово, хронично болните се јавуваат поради проблеми со висок крвен притисок и болка во градите. Најчесто помош бараат болни од кардиоваскуларни заболувања и лица кои имале мозочни удари. Лекарите ги советуваат хронично болните пациенти редовно да ја земаат пропишаната терапија, да не излегуваат на Сонце во периодот од 10 до 17 часот, а доколку излегуваат да носат лесна и светла облека и да внесуваат течности. Препораките на лекарите е да се конзумира лесна храна, која се базира на овошје и зеленчук, да се пијат свежо цедени сокови и минимум два литри вода.

На временските промени не е имуна ниту работоспособната популација, велат лекарите од Итната медицинска помош во Куманово. Како превенција препорачуваат доволен внес на течности, здрава исхрана и да не се излегува надвор без шише вода.

– Што се однесува до здравата работоспособната популација, најчесто помош бараат поради малаксаност, гадење, пад на крвниот притисок. Ако кога се надвор почуствуваат малаксаност и забележат темнеење пред очите, тресење на мускулите, зуење во ушите треба да седнат под сенка да изедат нешто благо, чоколадо, кока кола, вели доктор Прокоповска.

Какви и да се симптомите пациентите помош можат да побараат од лекарите од Итната медицинска помош во Куманово, да се јават за совет во однос на тоа кој тип на терапија треба да ја примаат. Оттаму побараа и возачите да ги пропуштаат низ улиците на Куманово.

– Дел од возачите при користењето на мобилните телефони често не ја слушаат ниту сирената. Апелираме да се внимава на возилото на Итна медицинска помош за да стигне навреме до потребната дестинација и да се пружи помош на сограѓаните, вели Прокоповска.

Итната медицинска помош во Куманово го покрива реонот на Куманово, Липково и Старо Нагоричане со приближно 150.000 жители.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

МВР: Телото на починатото лице пронајдено во близина на пожар во село Лозаново е предадено за обдукција

Горан Наумовски

Избувнаа неколку пожари на различни локации во Куманово, градот е обвиткан во чад

(ВИДЕО) Манојловска: Се редат скандали во Куманово – фирми на роднини добиваат тендери од Димитриевски

Голем пожар крај Куманово: Изгореа куќа, сандаци за пчели и ниви со насади

Горан Наумовски

Од менувачница го следеа до дома, го удрија, па го ограбија – кривична за двајца кумановци

А1он