Куманово: СДСМ одржа мини-митинг во Средорек

Од:

Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, пратеникот Оливер Спасовски и носителот на советничката листа, Максим Димитриевски попладнево ги посетија жителите на Средорек.

Дамјановски нагласи дека што и да се случи на изборите тој и понатаму ќе се обидува да направи похумани услови за живот на сите Роми во Средорек и дека ќе помогне да се набават финансиски средства за реновирање на поплавените куќи.

Пратеникот Оливер Спасовски од жителите на Средорек побара да извојуваат победа која што ќе се памети и во Куманово, но и во цела Македонија.

Сите мои пријатели Роми ги повикувам да им се одолжиме на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што ниту еден Ром не смее да излезе надвор од Република Македонија, бидејќи го запираат на граница само затоа што е Ром. Треба да им се одолжите и за поскапата струја, за укинатата социјална помош и за се она што ги следува Ромите а не им ги даваат Никола Груевски, заедно со Гордана Јанкуловска и Амди Бајрам – изјави тој.

Носителот на советничката листа Димитриевски нагласи дека само СДСМ успеа да направи нешто во оваа населба и дека Сојузот за Македонија е формиран за да ја сруши ненародната власт што ја води Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември