Куманово потпиша договор со Банско

Од:

Делегација од Општина Куманово оствари работни средба во општина Банско и општина Дупница во соседна Бугарија.

На средбите, информираа од општина Куманово, делегациите разговарале за можностите за продлабочување на соработката и заедничкиот настап на повикот за проектни предлози од ИПА Програмата за прекугранична соработка на Европската унија, Бугарија и Македонија.

Во општина Банскодвете делегации потпишале „Договор за партнерство” за поднесување на предлог проект, при што како партнери се „Фондацијата за култура и спорт” при општина Куманово, водечки партнер и „Народно Читалиште Димитар Благоев 1925” од Добриниште во Бугарија.

На средбата било договорено и потпишување на втор „Договор за партнерство” помеѓу Библиотека „Тане Георгиев“ Куманово и „Народно Читалиште Никола Вапцаров” општина Банско.

Во општина Дупница, постигната начелна согласност за заеднички настап на предлог инфраструктурен проект за адаптација и реконструкција на заштитен објект „Градска Куќа” (поренешен Хотел – Солун) во општина Куманово.

Договорено е наредната средба да се одржи во општина Куманово, со цел потпишување на „Договор за партнерство” и заеднички настап на општина Куманово и општина Дупница, информираат од општина Куманово.

Би можело да ве интересира

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски

Две жени се нападнати од нивните сопрузи во кумановско

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци