Куманово одбележува 70 години од ослободувањето

Од:

Градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски денеска во рамки на однележувањето на 70 годишнината од ослободувањето на Куманово организираше свечен прием за членовите на Здружението на борците на општина Куманово, поранешните градоначалници на општината, преставниците од СВР Куманово, како и за членовите на здружението на армиски и полициски ветерани.

На средбата присуствуваше и почесниот граѓанин на општината, поранешниот амбасадор на САД  во Македонија Лоренс Батлер кој со овој статус се стекна пред една деценија.

Дамјановски им се заблагодари на борците за придонесот во НОБ, а воедно на присутните членови на здружението им врачи благодарници. Поранешниот амбасадор на САД Батлер им го честиташе празникот на присутните, потенцирајќи дека 11 ноември е значаен датум бидејќи, како што рече, на тој ден се одбележува и крајот на Првата Светска Војна, како и 25-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид.

Куманово утре прославува 70 години од ослободувањето. Вечерва че има прослава на градскиот плоштад, а утре повеќе делегации ќе положат цвеќе на Спомен Костурницата.

Во рамки на одбележувањето на 70 години слободно Куманово предвидена е и свечена седница на која на поединци, компании и институции ќе им биде врачено највисокото општинско признание „Ноемвриската награда“. Општина Куманово изминатава недела со повеќе културни и спортски манифестации ги одбележа „Ноемвриските денови“.

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски