Куманово: Младите одржаа трибина за основање на Национален младински совет

Од:

Во Куманово денес претставници на повеќе невладини организации разговараа за потребите за основањето на Национален младински совет.

Советот е иницијатива на младинските организации, за формирање на претставничко тело кое што ќе работи за застапување на нивните права и помагање во донесување на одлуки.

-Ова е иницијатива за формирање платформа треба да разговара и преговара со институциите за донесување национална стратегија на младите. Генерално, кај младинските организации постои потреба од формирање на вакво претставничко тело и поддршка од самите организации – изјави Ивана Давидовска, од Центарот за меѓукултурен дијалог.

На јавната трибина се дискутираше за предлог моделот и статутот на Советот, но и за тоа како моделот да се прилагоди на потребите кои ги има на локално ниво.

-Досега сите младински организации работеа на локално ниво. Треба да отидеме еден чекор понапред. Овие 20 години во Република Македонија немало ваков организиран систем. Младинските организации напорно работат на терен, но сега треба оваа работа да ја надградиме – истакна, Даниел Калајџиевски, од невладината „ХЕРА“.

Ивана Јордановска од ЏЕФ Македонија смета дека Советот ќе овозможи организиран начин и структурен дијалог помеѓу младинските организации и институциите.

Вакви јавни дискуси ќе има уште осум, најпрвин ќе се одржат во Велес и Тетово, а потоа и во другите градови низ Македонија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена