Куманово ќе одвои милион и 400 илјади денари за одржување на семафорите

Од:

Милион и четиристотини илјади денари ќе одвои општина Куманово за одржување на семафорите на крстосниците во градот, информираа денеска надлежните од секторот за урбанизам од општина Куманово.

Помошникот раководител на секторот, Момчило Јовановски, информираше дека тендерската постапка  е во завршна фаза, а согласно процедурата, објаснува, фирмата која што ќе биде задолжена за одржувањето на семафорите мора да поседува и резервни делови.

Според него, за еден месец се очекува и поставување на семафор на кростосницата на булеварот „Окотмвриска револуција“ и улицата  „Пионерска“.

– Проектот вклучува подземна инфраструктура,деновиве поднесеме  барање до ЕВН за одобрување на приклучок,бидејќи согласно новите мерки потребно е посебно броило, вели Јовановски и додаде дека вредноста на овој проект е 5,4 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Уапсено 19-годишно момче кое носело пиштол, а со него била и малолетничка по која трагала полицијата

Во судар на три возила, повредени се двајца полицајци

ДУИ бара оставки од Исен и Садики-Шаини после скандалот во Куманово

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски ги осуди скандирањата и ксенофобните испади на неколкумина во салата во Куманово

Горан Наумовски

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Свети Николе – Куманово

Изгаснат е пожарот на депонијата „Краста“ во Куманово