Куманово ќе го одбележи денот на градот со богата култутна и спортска програма

Од:

Општина Куманово со културни и спортски манифестации и учество на граѓански здруженија ќе го одбележи Денот на ослободувањето на градот-11 Ноември, соопшти на денешната прес конференција, градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски.

На пети ноември ќе се оддржи турнир во пинг-понг, во гимназијата „Гоце Делчев“, а истиот ден во спортската сала ќе се одржи Меѓународен ММА турнир, во кик-бокс.

– Ги повикувам граѓаните кои се љубители на боречките вештини да присуствуваат на тој турнир. На 6-ти ноември имаме семинар на боречки вештини аикидо кој ќе се одржи во училиштето „Перо Наков“ училиштето, под покровителство и поддршка од Советот и Општина Куманово. На 7-ми ноември на градскиот базен во ќе се одржи прв натпревар во пливање на кој ќе учествуваат и гости од Марибор Нови Сад, со кој е планирано потпишување на меморандум, рече Дамјановски.

Програмата продолжува на 9 ноември со турнир во мал фудбал „Пехар на градоначалникот“ во Спортската сала во Куманово, како и ликовна изложба „Карпино 2016“ во изложбениот салон во Центарот за култура Трајко Прокопиев.

-Една новина на 10 ноември прв пат по две и пол децении независна Македонија, односно во поновата историја на Македонија, со почеток во 18 часот пред Хотел Кристал, ќе има пет километарска ноќна трка, информираше Дамјановски.

По повод деновите на градот ќе се одржи и ликовната изложба „Кумановски Ликовни Уметници“ изложба која има традиција повеќе од 40 години. Во пресрет на празникот на градскиот плоштад концерт ќе одржи „Милиграм“, по што ќе следи огномет.

Новина, годинава е што угостителските објекти, по донесување на одлука на совет, ќе можат да работат неограничено време за 11 и 12 ноември, без надоместок, соопшти Дамјановски.

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот на депонијата „Краста“ во Куманово

Кумановец повреди двајца учесници на европските младински олимписки игри

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

МВР: Телото на починатото лице пронајдено во близина на пожар во село Лозаново е предадено за обдукција

Горан Наумовски

Избувнаа неколку пожари на различни локации во Куманово, градот е обвиткан во чад

(ВИДЕО) Манојловска: Се редат скандали во Куманово – фирми на роднини добиваат тендери од Димитриевски