Куманово го одбележува Денот на независноста 8-ми Септември

Од:

По повод Денот на независноста на Република Македонија 8-ми Септември денеска делегации на општина Куманово, Сојузот на борците, припадници на АРМ и МВР, како и претставници на политички партии и граѓански организации положија цвеќе на Спомен Костурницата во Куманово.

Општина Куманово со културни и спортски манифестации одбележува 26 години од независноста на државата, меѓу нив и денешното чествување на Спомен Костурницата.

Пред присутните делегации се обрати претседателот на советот на општина Куманово, Александар Арсиќ. Во свечениот говор, тој се осврна на историските моменти на илинденците, асномците, укажувајќи дека 8 септември 1991 година е македонскиот трет Илинден.

– Овој историски датум, 8 септември кога граѓаните го кажаа судбоносното и референдумското „да“, за оставрување на вековниот сон, независна Република Македонија е обврска за сите нас, да ја сочуваме и развиваме земјата во духот на слободата и демократските вредности. Празникот е ваше дело, од вас остварено на мирен и демократски начин, во ваше референдумско изјаснување за слободна, суверена и самостојна Република Македонија, рече Арсиќ.

Истакна дека наша заедничка цел е посветено да се грижиме за нашата сегашност и иднина, да ја градиме татковината како стабилна, безбедна, демократска и развиена европска и евроатлантска држава. Посочи дека народот има долга и богата историја, дека има демократска свест и одговорност.

– Со сите сили ќе продолжиме да работиме на зачувување на државноста на Македонија, на територијалниот интегритет и суверенитет како и на можноста да се вклучиме во трендот на европските интеграции и еконсомкиот просперитет, рече Арсиќ. Тој повика на обединување за Македонија.

Би можело да ве интересира

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување

СДСМ бара оставка од Тошковски, вооружените инциденти покажуваат распад на безбедносниот систем

Горан Наумовски