Куманово го одбележува 8-ми септември

Од:

По повод 8 септември, Денот на независноста на Македонија, бројни делегации од општина Куманово, Советот на општината, Здружението на борците, АРМ, МВР, претставници на политичките партии, јавни установи и институции, како и граѓански здруженија денеска положија цвеќе на Спомен-костурницата што традиционално го организира општината.

– Ја чествуваме независноста на Македонија на местото каде што почиваат коските на оние кои се вложија себе си за она што го имаме денес. Продолжуваме да ја градиме слободна, независна и демократска Македонија. Тоа е наша одоговорност и обврска, рече  во обраќањето пред присутните претседателот на Советот на општината Максим Димитриевски.

Куманово, подвлече Димитриевски, се вложи во самобитноста на Македонија и не може да не се спомнат позитивните настани кои се случиле во историјата на овој град, а кои се длабоко втемелени во историјата на нашата држава.

– Не можам да не ги спомнам и настаните кои се случија пред четири месеци во градот, од кој сите мора да извлечеме заклучоци. Оддавам признание за добро извршената полициска акција и справувањето со милитантите, а сакам да нагласам и дека 9-ти мај не обедини, не направи посложни и поубедени во она што значи градење на Куманово и на Македонија, истакна Димитриевски, упатувајќи порака за заедништво и заемно почитување.

Пред присутните на Спомен-костурницата, ученици од гиманзијата „Гоце Делчев“ читаа  стихови од Анте Поповски.

Општина Куманово го одбележува 8 Септември со пригодни културни и спортски манифестации.

Би можело да ве интересира

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он