Куманово го одбележа 11. Октомври

Од:

Куманово со низа манифестации и свечености одбележува 74 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна. Бројни делегации предводени од Сојузот на борците,  од општина Куманово, од кабинетот на претседателот на Ррпублика Македонија, Собранието, Владата, АРМ, МВР, Советот на општината, како и установи и институции кои го носат името 11 Октомври, политички партии, граѓански здруженија положија свежо цвеќе на Спомен Костурницата во градот.

Со свеченост беше одбележан Денот на востанието и Денот на Борецот, симбол на македонската борба за слобода.

Градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски  рече дека секој народ во својата историја има незаобиколни меѓници без кои не е можно да се создаде неговата иднина. – Еден од нив е исторскиот настан што се случи пред 74 години на овој ден. На 11 Октомври излегоа двата кумановски партизански одреди, карадачкиот и козјачкиот, со кои беше запален факелот на слободарската борба, рече во говорот Дамјановски и потесети  на претходните настани од историјата на македонскиот народ.
Дамјановски подсети за жртвите дадени за денешната слобода. – Нивните имиња се вмрежани во мермерните плочи на овој споменик. Тие се тука како вечен спомен на кумановскиот и македонскиот непокор. Сведочат за славно и тешко време, но секогаш влеваат силна верба кај новите генерации во нашиот првоборечки град и се показател како кога ќе затреба  се брани својата татковина, својот народ, како се бори за слободата, рече Дамјановски.

Тој истакна дека наша заложба е да се сочува плодот од нивната борба, мирот и стабилноста, слободата, стремежот за подобро утре.
На свеченоста беа присутни и Спиро Зафировски  и Царевка Виличиќ, од Здружението на борците кои раскажаа за нивните почетоци при учеството во НОБ.

Општина Куманово овој ден го одбележува со културни и спортски манифестации

Би можело да ве интересира

МВР: Телото на починатото лице пронајдено во близина на пожар во село Лозаново е предадено за обдукција

Горан Наумовски

Избувнаа неколку пожари на различни локации во Куманово, градот е обвиткан во чад

(ВИДЕО) Манојловска: Се редат скандали во Куманово – фирми на роднини добиваат тендери од Димитриевски

Голем пожар крај Куманово: Изгореа куќа, сандаци за пчели и ниви со насади

Горан Наумовски

Од менувачница го следеа до дома, го удрија, па го ограбија – кривична за двајца кумановци

А1он

Влегло во погрешен автобус, завршило во Скопје – пронајдено шестгодишното девојче од Куманово

Катерина Ѓуровски