Куманово: Дамјановски ги посети пазарџиите

Од:

Кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Зоран Дамјановски денес се сретна со пазарџиите на сточниот пазар во с.Долно Којнаре и малиот зелен пазар на „Октомвриска револуција“, при што им вети дека во иднина ќе добијат помодерни тезги.

-Ова е место каде се случува продажба на добиток, она што е приватно производство на нашите сограѓани. На мое жалење овој пазар има долга традиција, меѓутоа не успеавме уште да ги подобриме условите.

– Нашата агенда за наредните години, за нареден мандат е овде да се урбанизира просторот, да го осовремениме, да направиме еден дел каде ќе има магацински простор, простор можеби за чување на прехранбени продукти и за пакување. За нешто што е лесна индустрија каде што населението ќе има свое вработување.

– Се надевам дека ова е уште еден придонес во економската програма на мене како иден градоначалник, и мислам дека на таков начин ќе ја подобриме хигиенско-санитарната состојба во овој дел – истакна Дамјановски.

Елена Георгиевска

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија