Куманово: Дамјановски ги посети чевларите

Од:

Градоначалникот Зоран Дамјановски и носителот на листата Максим Димитриевски, посетија две чевларски фирми.

-Од најголем индустриски град, Куманово стана загубар и наша задача е да направиме се, за подигање на економскиот развој. Во разговор со сопственикот на ова фирма добивме информација дека има потреба од нови погони, бидејќи овде е под закуп. Сметаме дека во нашата економска зона може да биде еден од првите инвеститори. Тоа ќе го продолжиме со сите заинтересирани, заклучно со 38-те кооперанти во поранешната фабрика „Чик“ – изјави Дамјановски.

Димитревски и Дамјановски ја посетија и втората фабрика „Тушевски“, која важи за една од најголемите производители на чевли во Куманово.

-Тие треба да добиваат се повеќе работа, да настапуваат на странските пазари се посигурно, и нормално треба да им овозможиме поквалитетни услови за работа. Веќе промовиравме една стопанска зона во Општина Куманово за која што беше донесена и одлука на Советот за урбанизација на тој простор – истакна Димитриевски.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија