Куманово: Цветковски ја посети наслебата Перо Чичо

Од:

Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Виктор Цветковски вечерва ги посети жителите на населбата Перо Чичо, при што вети изградба на пешачки мостови кои ќе ги спојат Гладно поле и населбата Перо Чичо, детска градинка, младински центар и пензинерски клуб.

-Во населба Перо Чичо не може да се пофали дека градот и државата вложиле многу. Инфраструктурата е на незавидно ниво, на секоја улица и фали по нешто. Ќе се посветиме секое семејство во Куманово да има вода, канализација, улица и тротоар. Улицата „Ѓуро Пуцар Стари“ започна да се прави некаде во јули минатата година, слушнав дека денес се донело тампон.

– Законот за спречување на корупција вели дека во изборниот процес не се работи ништо, но граѓаните знаат да препознаат кој чесно се претставува пред нив – изјави Цветковски.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?