Кумановец загина во сообраќајна несреќа на патот Куманово-Крива Паланка

Од:

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи попладнево во 13 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, соопштија денеска од СВР Куманово.

– Во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален пат Куманово-Крива Паланка, во населба Карпош, Кумановско, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило и патничко моторно возило „пежо“, управувано од Б.С.(71) од Куманово. Од здобиените повреди, на местото починал Б.С., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увидот е во тек, информираат од кумановската полиција.

Од Итна помош кажаа дека нивна екипа излегла на терен.

– Наша екипа веднаш излезе на терен и лекарот констатирал смрт, изјави д-р Бленд Алии, началник на Итна помош Куманово.

Сообраќајот на овој патен правец е затворен поради увидот од страна на полицијата.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес