Кумановец усмртил жена на магистралниот пат за Крива Паланка

Од:

Патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот Б.Ѓ. од Куманово, вчера попладне на магистралниот пат за Крива Паланка удрило во 64-годишната Р.П. од село Луке, Крива Паланка.

По несреќата Р.П. била пренесена во Општата болница во Куманово за укажување на лекарска помош каде околу 19,20 часот од страна на лекар била констатирана смрт.

Несреќата се случила во близина на населбата Карпош, а била пријавена во 18:30 часот.

МВР соопшти дека е извршен увид од Јавен обвинител и од увидна екипа на СВР Куманово.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар