Кумановец тешко се повредил во обид да спаси две деца

Од:

Триесет и осумгодишен кумановец е во животна опасност откако вчера се обидел да сопре камион во движење во кое биле две десетгодишни деца.

Како што соопшти полицијата, настанот се случил вчера околу 15:35 часот во кумановската населба Карпош. Две деца на десетгодишна возраст влегле во товарно возило „ТАМ“ со кумановска регистрација, по што едно од нив го притиснало квачилото и возилото почнало да се движи. Во тој момент, О.Д. (38) од Куманово, кој седел во соседниот двор, забележал дека возилото со децата се движи и почнал да трча по него со намера да го сопре. О.Д. ја отворил предната лева врата и притоа удрил во бетонски столб, паднал и се повредил, а возилото застанало. О.Д. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Куманово каде му биле констатирани тешки телесни повреди опасни по живот. Како итен случај бил пренесен во Клинички центар Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он