Кумановец осомничен за поседување марихуана и психотропни супстанции

Од:

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 22-годишен кумановец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, извести Обвинителството.

„Осомничениот, на три различни локации во Куманово, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана, како и психотропни супстанци метамфетамин и амфетамин. Во две куќи на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово кои ги користел и во гаража во селото Тромеѓа, полицијата пронашла вкупно 856,6 грама марихуана во различни пакувања, семки од растението канабис, 0,48 грама амфетамин, три таблети метафетамин, мешавина оо кофеин и парацетамол, дигитални ваги и други предмети со траги од наркотична дрога“, соопшти Обвинителството.

Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор кон осомниченото лице​.

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај