Кумановец однесен во шума и физички нападнат

Од:

Лицето М.Б. од Куманово пријавило дека бил однесен во шума и физички нападнат од три лица.

„На 18.02.2017 година во 17.00 часот во ПС Куманово, М.Б. (27) од Куманово пријавил дека истиот ден три лица извршиле насилство врз него. Околу 12.30 истиот отишол кај негов другар, и откако си заминал, во близина на Ургентниот центар бил пресретнат од пријавените, кои насилно го внеле во такси возило и го однеле во с.Проевце. Го однеле во блиската шума, физички го нападнале, по што побегнале. М.Б. настанот го пријавил телефонски во полиција, а потоа со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница Куманово, каде што му била укажана медицинска помош. СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување на настанот“ соопштуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Уценувала поранешен работодавач – поднесена пријава против маж и жена од Куманово

Горан Наумовски

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда