Кумановци продолжуваат да донираат за настраданото население во скопско

Од:

Кумановци и денеска на двата пункта поставени во централното градско подрачје продолжуваат да донираат храна, вода, средства за дезинфекција, бебешка храна и хигиенски продукти за настраданото население во скопскиот регион.

– Нема прекин во донациите, продолжуваме и наредните денови, изјави секретарот на кумановскиот Црвен Крст, Бојан Петрушевски.

Од Иницијативниот одбор за поддршка на населението информираат дека собрани се околу 400 пакети со храна и 250 пакети со вода кои утре ќе им бидат однесени на граѓаните во поплавените подрачја.

– Формиравме и екипа која на терен ќе помогне во расчистувањето. Веќе имаме доброволци кои помагаат во расчистување на теренот, изјави Александар Крстевски од иницијативниот одбор.

Во меѓувреме и хуманитарно здружение „Крепост“ организира дводневна акција во соработка со ТЦ „Сума“ Куманово, во рамки на која може да се донира храна, хигиенски продукти, вода… Можат да се донираат и средства со кои од Здружението ќе подготват пакети со храна, а ќе продаваат и маици со лого на „Крепост“ по цена од 200 денари.

Во Куманово денеска се одржа комеморација за Жаклина Божиновска, којa загина во невремето кај скопската обиколница. Членови на семејството, роднини, претставници на локалната власт, колеги и граѓани, денеска се простија од Божиновска.

Божиновска е родена на 1 октомври 1973 година во Куманово, каде што го завршила своето образование. Работела во ЈП „Чистота и зеленило“. Погребот ќе се изврши денеска во 15 часот на градските гробишта.

Би можело да ве интересира

Уапсено 19-годишно момче кое носело пиштол, а со него била и малолетничка по која трагала полицијата

Во судар на три возила, повредени се двајца полицајци

ДУИ бара оставки од Исен и Садики-Шаини после скандалот во Куманово

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски ги осуди скандирањата и ксенофобните испади на неколкумина во салата во Куманово

Горан Наумовски

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Свети Николе – Куманово

Изгаснат е пожарот на депонијата „Краста“ во Куманово