Кумановци ќе се ослободуваат од електричниот и електронскиот отпад

Од:

Кумановци ќе можат да се ослободат од електричниот и  електронскиот отпад. На градскиот плоштад поставен е контејнер каде што граѓаните, но и фирмите  ќе можат да се ослободат од стариот и неупотреблив е-отпад (компјутери, принтери, фотокопири, мобилни телефони, кабли, полначи, акумулатори, батерии, телевизори, фрижидери, шпорети…).

Акцијата ја организира Демократската обнова на Македонија (ДОМ) во повеќе општини во државата,а во согласност со Законот за електронски и електричен отпад.

– Граѓаните ќе можат да се ослободат од електронскиот и електричниот отпад кој што им стои дома како нешто неупотребливо и често пати токсично. Малкумина знаат дека најголем дел од тој отпад е токсичен, вели претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска.

ДОМ потенцира Поповска ја спроведува оваа активност во рамки на пошироката национална акција „Македонија без отпад“, за која нагласи дека ДОМ пред три години е иницијатор заедно со Асоцијацијата „Ајде Македонија“. Оваа акција официјално ја води Министертвото за животна средина и просторно планирање.

– Веруваме дека со оваа акција за собирање на е-отпад од Куманово и од сите градови низ Македонија ќе придонесеме да почне да се применува законот за таа цел, кој што е донесен пред две години ама некако луѓето уште немаат свест како тоа да го прават, вели Поповска.

Претседателката на ДОМ, информираше дека акцијата се спроведува во соработка со официјалниот колективен постапувач за собирање електронски и електричен отпад „Нула отпад“ од Скопје.

– Тие се оние кои како фирма официјално регистрирана при Министертвото за животна средина ќе го подигне собраниот отпад. Ова значи дека собираме отпад и од граѓани, но и од институции кои што ќе добијат и официјална документација дека се ослободени од тој отпад за да можат да направат книговодствен отпис, вели Поповска.

И општина Куманово даде поддршка на  оваа акција со отстапување на простор и контејнер за собирање на е-отпад.

Би можело да ве интересира

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони

МВР трага по 18-годишно момче од Куманово

Горан Наумовски