Куќен притвор за жител на Арачиново осомничен за недозволено поседување дрога и муниција

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 21-годишен жител на Арачиново за кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, а судија на претходна постапка му определи мерка куќен притвор.

Како што информираат од ОЈО, при претрес во семејната викенд куќа, во атарот на селото Арачиново, на 9 февруари годинава, било утврдено дека осомничениот неовластено за продажба држел наркотична дрога марихуана спакувана во четири полиетиленски паковки со вкупна нето маса од 281,12 грама и хашиш во вкупна нето маса од 80,75 грама. Притоа била пронајдена и смеса со маса од околу 1,5 килограми, за која со дополнително вештачење било утврдено дека не претставува наркотична дрога, туку е мешавина од кофеин и парацетамол која се користи за зголемување на масата на наркотичната дрога наменета за продажба.

Полициските службеници кај осомничениот пронашле и муниција – осум куршуми со калибар 9 мм наменети за огнено оружје – полуавтоматски пиштол.

-Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, ценејќи дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и можност да го повтори кривичното дело. Судијата со решение на осомничениот му определи мерка куќен притвор и привремено одземање на патната исправа, соопшти ОЈО.​​

Би можело да ве интересира

Тошковски: Седум жени загинале како последица на семејно насилство и во 2022 и во 2018 година, а не се барала оставка од министер за внатрешни

А1он

Приведено 87-годишно лице кое возеше во спротивна насока на булеварот Партизански одреди

МВР апелира до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он