Куќен притвор за заменичката на Боки 13

Од:

Судијата Ненад Савески и’ определи куќен притвор на Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Притворот се бара по сите три основи, за опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност да го повтори делото.

Таа е директорка на „1ТВ“ и заменик-претседател на Меѓународниот сојуз, невладината на Бојан Јовановски. Медиумите пишуваа повеќе спорни дејства околу начинот на кој се влевале пари за да се изградат европски центри за возрасни лица, потпомогнати од општини и државни институции.

Јасна Мандиќ преку соопштение се огласи дека околу 950 илјади евра, кои се добиени од фирмите ГП „Пелистер“ и „Дрим билдинг“, се користат за целите за кои се исплатени преку приватни сметки, односно за изградба на европски центри за возрасни лица. Но, не појасни како се користат парите што се подигани во кеш од банка ниту, пак, дали некаде се уплатени.

Би можело да ве интересира

Јовановски тврди дека чантата „Луј Витон” била вратена кај Јордан Камчев

Ана Ололовска

Кадиев верува дека Русковска нема ниту еден доказ против Јанева

Кристијан Ландов

Русковска за „Рекет“: Одбраната се обидува да докаже нешто што не се докажува

Кристијан Ландов

Почнаа завршните зборови за „Рекет”, според одбраната, поротник е со изминат мандат

Ана Ололовска

„Рекет” продолжуваа со завршни зборови

Ана Ололовска

„Рекeт” продолжува на 26 и 27 мај

Ана Ололовска