Кучиња скитници трчаат и лаат по луѓе на сред плоштад

Од:

Многу граѓани утринава беа револтирани откако кучиња скитници собрани на градскиот плоштад трчаа и лаеа по нив.

Реагираа дека е недозволиво е во строгиот Центар на Скопје, десетина кучиња да лаат, да трчаат по луѓето, да плашат и деца.

Бараат градската власт под итно, како што ветуваше да изнајде соодветен начин и да го реши овој проблем кој би бил прифатлив за сите, и за жителите на Скопје, и за кучињата.

Посочуваат дека иста е сликата и пред споменикот на „Воинот на коњ“, улица Македонија, пред Министерството за правда и околу влезот на Министерството за транспорт и врски.

Прашуваат дали треба да се случи нешто пострашно, да биде искасан некој за да се сетат да реагираат.

Расправата за кучињата скитници е вечна тема во Скопје за која нема решение кое би било прифатливо за двете страни со спротивни ставови. Од една страна се жителите кои бараат безбедност, се плашат од кучињата и не сакаат тие слободно да шетаат по улиците, а од друга страна се здруженијата за заштита на животните.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош