Лука Кржалоски е новиот в.д. Директор на јавното претпријатие „Службен весник“. Промената на директорското место денеска беше објавена во Службен весник. Тој доаѓа на местото на досегашната директорка Ангела Атанасова.
Инаку, Кржалоски е дел од Извршниот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и важи за еден од најактивните членови на УМС.