Во Василево денеска во организација на Црвен крст Струмица и Службата за трансфузиона медицина и во соработка и поддршка на општина Василево, се спроведе акција на доброволно дарување крв.
Тринаесет граѓани од оваа општина ја покажаа својата хуманост, вработени во општинските служби и од населените места.
Организаторите се задоволни од одѕивот поради тоа што е период на годишни одмори и високи надворешни температури.
Акцијата се спроведе во просториите на локалната самоуправа во Василево.