Крводарителска акција во СВР Куманово

Од:

Припадниците на Секторот за внатрешни работи Куманово, денеска даруваа крв на редовната крводарителска акција што се одржа во просториите на кумановската полиција. Акцијата ја организира СВР Куманово во соработка со Институтот за трансфузиска медицина Скопје и општинската организација на Црвениот Крст. Припадниците на полицијата уште еднаш ја покажаа својата хуманост, истакнаа организаторите.

– Крводарителската акција во СВР Куманово, како и секогаш е успешна. Голем број полицајци се заинтересирани за дарување и да помогнат на идните можни приматели на крв, досега над 50 полицајци даруваа, така што може да ја оцениме за успешна акција, изјави доктор Дритон Биљали.

Во акцијата се вклучија и повеќекратните дарители, но и помладите припадници на кумановската полиција.

– Ова е редовна акција што ја организира СВР Куманово, редовно има голем одѕив од сите колеги, јас лично учествувам скоро во секоја акција, имам дарувано повеќе пати крв досега, хуманоста на овој начин се покажува најдобро на дело, изјави полицискиот службеник, Владимир Петрушевски.

СВР Куманово традиционално организира три крводрителски акции годишно, во февруари, јуни и октомври. Крводарителските акции се реализираат согласно потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу МВР и Институтот за трансфузиска медицина.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во Куманово, изгореа возила, камиони, автобус, приколка и минибус

Горан Наумовски

Уапсено 19-годишно момче кое носело пиштол, а со него била и малолетничка по која трагала полицијата

Во судар на три возила, повредени се двајца полицајци

ДУИ бара оставки од Исен и Садики-Шаини после скандалот во Куманово

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски ги осуди скандирањата и ксенофобните испади на неколкумина во салата во Куманово

Горан Наумовски

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Свети Николе – Куманово