Крводарителска акција во СВР Куманово

Од:

Во просториите на СВР Куманово денеска се одржа редовна крводарителска акција која ја организира кумановската полиција, отсекот за превенција од СВР Куманово, Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и општинската организација на Црвениот Крст Куманово.

Од почетокот на акцијата во 9 часот беа дарувани 50. крвни единици, но според очекувањата на надлежните од отесекот за превенција до крајот на акцијата која завршува во 15 часот се очекува бројот на крводарувања да достигне до 70.

– Акцијата е успешна. Голем број припадници на полицијата се јавија да даруваат крв на оваа крводарителска акција, изјави доктор Дритон Биљали од Институт за трансфузиона медицина стационар Куманово.

Оваа е прва крводарителска акција која се одржува во тековната година на која учествуваат припадниците на секторот за внатрешни работи Куманово. СВР Куманово, традиционално организира три крводарителски акции во една година, во февруари, јуни и октомври. Крводарителските акции се реализираат согласно потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу МВР и Институтот за трансфузиона медицина Скопје.

Би можело да ве интересира

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он