Крводарителска акција во кумановската гимназија „Гоце Делчев“

Од:

Над 170 ученици од кумановската гимназија „Гоце Делчев“ се пријавиле да даруваат крв на денешната крводарителска акција во училиштето, која се организира по втор пат од почетокот на учебната година. Досега, сметаат одговорните од гимназијата и лекарите, ова е рекорден број на пријавени ученици.

– Интересот оваа година е најголем, има пријавено 176 крводарители од кои веројатно повеќе од 100 ќе даруваат крв, а дел од нив ќе бидат веројатно и вратени зависно од нивната здравствена состојба. Оваа акција се организира два пати годишно, изјави Драган Илиевски, професот од гимназијата „Гоце Делчев“.

Лекарот Дритон Биљали од Институтот за трансфузиона медицина, стационар Куманово, информираше дека според нивните статистики, кумановските гимназијалци даруваат крв и голем дел од нив за прв пат даруваат и таа практика продолжуваат да ја применуваат и понатаму.

– Очигледно дека апелите кои се упатуваат кон најмладите крводарители, даваат позитивни ефекти. Обично во гимназијата собираме помеѓу 90 и 110 крвни единици, изјави Биљали.

Инаку, од почетокот на годинава досега, според информациите на општинската организација на Црвениот Крст во Куманово собрани се 501 крва единица, а биле организирани шест крводарителски акции.

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски