Крводарителска акција во Куманово

Од:

Вонредна крводарителска акција се одржа денеска во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во организација на кумановскиот Црвен Крст и Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија.

Во рамки на акцијата крв даруваа 55 граѓани.

– Акцијата ја оценуваме како успешна. Граѓаните се одѕваа на повикот кој беше упатен преку медиуите претходната недела, изјави Бојан Петрушевски.

На акцијата учествуваа и повеќекратни крводарители, но и помлади кои истакнаа дека ќе продолжат со дарување крв.

Од почетокот на годинава, досега, во Куманово се одржаа 21 крводарителска акции на кои крв даруваа 1.413 граѓани. Наредната крводарителска акција ќе се одржи на 27 јули, а во август е најавена уште една крводарителска акција.

Би можело да ве интересира

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он